Macedonian Albanian English GermanDirections  Call Now Facebook     

About Us

Нашата компанија е основана во ноември, 2000 година од страна на сопружниците Златана и Михајло Михајлоски. Почетоците се скромни, се’ започнало од едно мало погонче за производство на сувомеснати производи. На 3-ти септември 2009 година започната е изградбата на новиот производствен капацитет на Карнем во с. Зубовце, кој на 2-ри јули 2012 година пуштен е во функција во модерни и современи услови. Се наоѓа во чиста и еколошка средина, под падините на Шар Планина. Нашата палета на производи опфаќа трајни, полутрајни и свежи производи од месо.
Политика за квалитет:
Политиката за квалитет на месната индустрија Карнем ДОО, произлегува од стратешки зацртаната определба за производство на квалитетни производи како најисправен начин да се наметне како лидер на домашниот и регионалните пазари. Оваа цел МИТ Карнем ја остварува со континуирано спроведување и постојано подобрување на QMS (систем за управување со квалитет), кој е во согласност со барањата на стандардот ISO 9001-2008, што опфаќа:
  • Утврдување и управување со процесите кои придонесуваат за задоволување на желбите и потребите на потрошувачите, преку производство на квалитетни производи испорачани во договорени рокови;
  • Постојана модернизација на опремата, информационите системи и обука на вработените согласно нивната компетентност и знаење;
  • Остварување на лидерска улога на раководството преку дефинирање на системот за квалитет, обезбедување на ресурсите и креирање на амбиент кој ги поттикнува сите вработени да ги остваруваат зацртаните цели;
  • Активно учество на вработените во развојот, планирањето, спроведувањето и вреднувањето на сите активности во деловниот процес;
  • Постојано подобрување на квалитетот на производите преку подобрување на сите фази во работењето: набавка, производство и дистрибуција
  • Развивање на партнерски односи со добавувачите и 
  • Работење во согласност со позитивните законски прописи, со посебен акцентна безбедноста и здравјето на крајните потрошувачи.
Секој вработен во МИТ Карнем мора да биде запознаен со политиката за квалитет, да ја разбере, прифати и почитува како трајно начело во своето работење.
Податоци за Нашата фирма
КАРНЕМ ДОО увоз-извоз с. Зубовце, општина Врапчиште
Назив: Месна индустрија со трговија КАРНЕМ ДОО увоз-извоз с. Зубовце, општина Врапчиште
Правна форма: Д.О.О. Друштво со Ограничена Одговорност
ЕДБ: МК 400 7003 124 460
Матичен број: 573 81 64
Жиро сметка: 380 300 538 700 168
Депонент банка: Прокредит Банка АД Скопје
Адреса: НАСЕЛЕНО МЕСТО БЕЗ УЛИЧЕН СИСТЕМ бр. 1 – Стопански комплекс ЗУБОВЦЕ, ВРАПЧИШТЕ
Р. С. Македонија
Телефони:
Администрација: + 389 42 221 395
Производство: + 389 42 221 396
е-пошта: infokarnem@gmail.com